Прекрасна бајка на големиот талент – Во 2018 година навиваше за Ливерпул во Киев, сега им стана најмладиот фудбалер во Лигата на шампионите (Фото)

Харви Елиот, големиот талент на Ливерпул, ја живее фудбалската бајка и со настапот вечерва против Интер стана најмладиот играч на англискиот гигант што настапил во Лигата на шампионите.

Елиот е на возраст од 18 години и 318 дена и за 36 дена го престигна Трент Александер-Арнолд, кој во 2017 година на дуелот со Спартак Москва стана најмладиот првотимец на Ливерпул на меч од ЛШ.

 

Тоа е само првиот дел од фудбалската бајка на Елиот, а поинтересниот дел е што само за 4 години од голем навивач на Ливерпул, стана и најмлад играч на Црвените во ЛШ.

Во 2018 година со својот татко Скот Елиот, младиот Харви патуваше за Киев и како навивач од трибините го бодреше Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Сепак, тогаш не се радуваше на победа и на пехар во луксузното натпреварување бидејќи шпанскиот гигант беше подобар и победи со 3:1.

Елиот има уште една причина за радост бидејќи на почетокот на овој месец се врати на фудбалските терени по тешката повреда во септември, лани.

Тогаш на мечот против Лидс го скрши зглобот на ногата и долго паузираше.

 

- Оглас -

Најнови вести