Каква бламажа е случајот Ѓоковиќ, Новак пак е во притвор во истиот хотел за мигранти и изгледа депримирано (Фото)

Целиот случај со Новак Ѓоковиќ веќе станува невидена бламажа, а по сослушувањето доцна вчеравечер по наше време, најдобриот светски тенисер повторно е вратен во хотелот „Парк“, кој е наменет за имигранти, кои бараат азил и сакаат да станат државјани на Австралија.

Новак беше сослушан од судијата О`Калахан и потоа беше однесен во хотелот, во кој според се што излезе на површина во изминатите денови во „случајот Ѓоковиќ„, нема нормални услови за престој.

На српскиот тенисер најпрво му беше поништена визата за влез во Австралија, па беше однесен во хотелот за имигранти, но имаше пресврт, откако федералниот судија Лојд му ја врати визата.

Проблем е медицинската белешка што ја доби тенисерот од тричлена независна комисија, како потврда дека не мора да се вакцинира. Со неа Ѓоковиќ се обиде да влезе во Австралија за да игра на Австралија опен, но веднаш при слетувањето настанаа компликации кои траат предолго.

По пресудата на судијата Лојд да му се врати визата, Новак дури и тренираше во комплексот во Мелбурн парк за да се подготви за настап на гренслемот, но потоа му беше поништена визата од имиграциското биро на Австралија.

Конечната одлука дали од задутре ќе може да игра на Австралија опен, каде е рекордер со9 титули ќе се знае утревечер пред полноќ по средноевропско време.

 

- Оглас -

Најнови вести