Каква чест: Соиграчите му дадоа доверба на легендарниот голман да шутира пенал во мечот по кој славеа титула (Видео)

Фудбалерите на Галатасарај ја обезбедија титулата во турското првенство откако со убедливи 3:0 победија пред своите навивачи против Кајсериспор во меч од 34-тото коло. По оваа победа, Галатасарај и официјално го одбрани тронот во домашниот шампионат.

Мечот во Истанбул ќе се памети по потегот кој фудбалерите на Галатасарај го направија пред крајот на мечот. При водство од 2:0, беше досуден пенал, а одлуката беше од белата точка да шутира голманот на Галатасарај, Фернандо Муслера. Уругвајскиот голман е вистинска легенда на Галатасарај. Веќе 14 сезони е дел од турскиот гигант, а се израдува на осмата титула.

Муслера го прифати предизвикот да го шутира пеналот и погоди за 3:0 и потврда на победата.

- Оглас -

Најнови вести