Каква чест за Федерер: Неговиот лик е на монета од 20 франци (видео)

Обично на монети и банкноти се ставаат ликови на влијателни историски личности кои се врежани во историјата на секоја држава. Швајцарија има една жива легенда и одлучи да ја овековечи. Ликот на Роџер Федерер се појави на сребрени монети во вредност од 20 франци.

Владата на Швајцарија истакна дека ова се случува првпат, жив човек да биде ставен на комеморативна монета, но Федерер апсолутно го заслужува тоа. Несомнено Федекс е најпознатиот и најголемиот спортист кој доаѓа од оваа земја, а воедно е и перфектен амбасадор на државата.

Ликот на освојувачот на 20 гренд слем титули следната година ќе се појави и на монети од 50 франци, кои ќе бидат изработени од злато. Инаку, сребрените монети ќе бидат во ограничен број и за страсни колекционери. Дури 95.000 монети ќе бидат пуштени во продажба по Новата година.

- Оглас -

Најнови вести