Каква чест за младата ѕвезда: Ердоган лично му се јави на Арда Ѓулер да му честита за голот и за триумфот

Фудбалската репрезентација на Турција настапот на Европското првенство во Германија го отвори со триумф од 3:1 против селекцијата на Грузија во првото коло од групата Ф на дуелот кој се одигра на стадионот во Дортмунд.

За многумина ова беше најдобриот натпревар досега на првенството, а Турците постигнаа два феноменални гола.

Голгетери беа Мулдур, Ѓулер и Актуркоглу, а првите два гола навистина беа извонредни, особено голот на Арда Ѓулер.

Младата ѕвезда на Реал Мадрид во 65-тата минута постигна гол од околу 25 метри, кој заврши директно во аголот на голот на Грузија и овој гол дефинитивно ќе биде во изборот за најдобар на ЕВРО 2024.

По завршувањето на натпреварот против Грузија, во соблекувалната на репрезентацијата на Турција беше интересно.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, сакаше да разговара со младиот Ѓулер.

Ердоган се јави по телефон, Ѓулер беше изненаден од повикот во соблекувалната, а разговорот го пуштија на спикерфон.

Претседателот на Турција му честиташе на Ѓулер за одличниот гол и му посака среќа во продолжението на првенството, како нему така и на целата репрезентација на Турција.

Младиот фудбалер на Реал беше видливо изненаден од повикот, но сигурно и горд. Му се заблагодари на претседателот на Турција за телефонскиот повик и за зборовите на поддршка.

- Оглас -

Најнови вести