Каква чест за Тотенхем, фудбалерите ќе може да се пресоблекуваат во паб

Најстарото клупско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп дава шанса и на аматерските екипи некогаш да стигнат до исполнување на сонот. Тоа утре ќе му се случи на осмолигашот Марине од Крозби, тим кој ќе игра против Тотенхем во ФА Купот.

Осмолигашот кој е на шестото место на табелата, е домаќин на тимот на Жозе Мурињо, во меч кој ќе биде нов рекорд. Ова ќе биде пресметка на дват тима кои се најдалеку раздалечени според рангот на натпреварување. Марине е тим кој доаѓа од областа на Ливерпул.

„Тие се многу среќни што ќе играат против нас, но и ние сме среќни што нив ги добивме за ривали. Сакаме да видиме кој е нивниот голман, кој им е напаѓач, а кој стопер. Тие сонуваат за сензација, но ние сме тука за да ги вратиме во реалноста“, рече Мурињо во пресрет на утрешниот натпревар.

Стадионот кој има само 3.000 гледачи има само една соблекувална, во која најчесто се соблекуваат гостите, а за домаќините местото за пресоблекување е локалниот бар. Овојпат домаќините ќе им дозволат на популарните гости да го „превземат барот“.

„Играчите на Тотенхем нема да се пресоблекуваат во соблекувалната. Ние ќе им го отстапиме барот, а ние ќе се собереме во малата соблекувална. Тоа ќе биде доволно за нас. Секако, по мечот ќе им ја отстапиме соблекувалната за да се истушираат“, вели тренерот на осмолигашот, Нил Јанг.

Навивачите на Марине откупиле 10.000 виртуелни билети, а сите пари ќе бидат донирани во клупската каза. Од тимот на Марина помош побарале и од нивниот сосед Ливерпул за да добијат детални анализи за сите играчи на Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести