Реал Мадрид со десетмина фудбалери успеа да направи пресврт и во финишот ја победи Валенсија со 1-2 на „Местаља“ и покрај фантастичното издание на македонскиот голман Столе Димитриевски.
Тој стори речиси сѐ што можеше, го маѓепса ударот на Џуд Белингам од пенал во 55-та минута, кога го погоди дирекот, потоа и го испровоцира Винисиус јуниор да добие црвен картон, откако Бразилецот го удри Димитриевски без топка, но Кралскиот клуб постигна два гола со десетмина фудбалери и стигна до триумф.
Лука Модриќ во 85-та минута го неутрализира водството на Валенсија, која поведе преку Хуго Дуро во 27-та минута, а Џуд Белингам во 96-та минута постигна гол за триумф на Реал Мадрид.
Риоха буквално во 100-та минута го погоди дирекот од голот на Тибо Куртоа, но победата му припадна на Реал Мадрид.
И покрај се, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше истакнат поединец на возбудливиот натпревар против Реал Мадрид на „Местаља“.