Ландо Норис за прв пат во кариерата ќе стартува од пол позицијата на една трка во Формула 1, откако возачот на Мекларен беше најбрз во квалификациите на патеката за Големата награда на Русија.
„Ова е неверојатно. Не знам што да кажам. Никогаш не верував дека можам да стигнам до оваа пол позиција, но тоа се случи“, рече Норис веднаш по квалификациите.
POLE FOR LANDO NORRIS! 😮👏#RussianGP #F1 pic.twitter.com/Lg0FCljRDr
— Formula 1 (@F1) September 25, 2021
Зад изненадувачкиот победник во квалификациите ќе бидат уште двајца возачи за кои не се очекуваше да бидат меѓу најбрзите. Карло Сајнц ќе стартува како втор, додека Џорџ Расел имаше трето најбрзо време. Актуелнот светски првак Луис Хамилтон заврши со четврто најдобро време.
🏁 TOP 10 – END OF Q3 🏁
1 NOR 📸
2 SAI
3 RUS
4 HAM
5 RIC
6 ALO
7 BOT
8 STR
9 PER
10 OCO#RussianGP #F1 pic.twitter.com/VvLG9DSvSL— Formula 1 (@F1) September 25, 2021
Најголемиот ривал на Хамилтон, Макс Верстапен воопшто не беше дел од квалификациите откако уште од вчера се знаеше дека Холанѓанецот ќе стартува од последната позиција на стартот. Во пресрет на оваа трка Верстапен реши да го смени моторот, што автоматски значеше дека ќе биде на „опашката“ од стартот.