Реал Мадрид му ги расипа плановите на Панатинаикос и со тројката од половина терен на Руди Фернандес, европскиот шампион победи со минимални 73:74. Грчкиот гигант во текот на целиот меч го контролираше резултатот и имаше предност од +18, а наместо да ја сочува предноста и да се избори за триумф со којшто ќе се пласираат во плејофот, му дадоа шанса на Руди да погоди сензационални поени и да ја замолкне полната Олимписка сала во Атина.
Have you ever seen ANYTHING like that?@rudy5fernandez wins it with a PRAYER at the buzzer.#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/2YczKHfhiU
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 28, 2019
Кошот на Фернандес за победата беше воедно и прво водсто на гостите од Мадрид во овој меч.
Најефикасен играч од редовите на Реал беше Таварес со 14 поени, Фернандес заврши со 13, еден помалку даде Љуљ. Кај поразените, најрасположени беа Калатес и Ленгфорд со по 14 поени.
Во исто време започна и дуелот меѓу Макаби Тел Авив и Гран Канарија, а поранешниот европски шампион славеше со убедливи 90:55.