Пари Сен Жермен и Барселона играат 1:1 по првите 45 минути на „Паркот на принцовите“ во Париз во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони. Овој резултат им одговара на домаќините кои на првиот дуел на „Камп Ноу“ победија со 4:1, што значи дека уште имаат три погодоци позитива кои треба да ги сочуваат во преостанатите 45 минути.
Барселона офанзивно започна и во првите 30 минути гостите упатија дури 10 шута кон противничкиот гол, имаа 70 отсто посед на топка, но немаа водство. ПСЖ тргна во еден од ретките напади и беше досуден пенал откако Ленгле го сопна Икарди. Најстрогата казна во погодок за ПСЖ ја претвори Килијан Мбапе. Погодокот на ПСЖ може да го видите ТУКА.
Барселона продолжи да напаѓа и тоа им се исплатеше во 37 минута кога Лионел Меси даде фантастичен гол од преку 20 метри. Погодокот на Меси може да го видите ТУКА.
Каталонците можеа и да водат со 2:1 на полувреме, но Меси промаши пенал во судиското надополнување.
Барселона во вториот дел мора да даде три гола, без да прими ниту еден, ако сака да се надева за место во следната фаза.
Во второто полуфинале кое се игра, Ливерпул и Лајпциг играат без голови, што му одговара на англискиот првак кој има предност од 2:0 по првиот дуел.