Каква драма во Португалија, Спортинг ѝ ја украде титулата на Бенфика во последно коло!

Спортинг Лисабон ја одбрани титулата првак на Португалија, откако во последното коло ја победи Виторија со 2-0, а ривалот Бенфика одигра само 1-1 на гости кај Брага.

Бенфика беше лидер на табелата и им требаше победа, но Брага не им дозволи на Орлите да слават титула. Брага во последните 30-тина минути играше и со човек помалку на терен, но се одбрани за голема радост на Зелено-белите од Лисабон кои го завршија својот дел од работата.

- Оглас -

Најнови вести