Каква драма во Скопје, Вардар ја прокоцка победата во последната секунда (Видео)

Вардар не успеа да го победи Порто во Скопје, а во драматичен финиш гостите постигнаа гол за израмнување на 25:25 во последната секунда од мечот.

Борко Ристовски блескаше со 18 одбрани на голот на Вардар, но на крајот имаше пех при последниот удар на гостите, топката да му се лизне и да влезе во голот за драматично реми во „Јане Сандански“.

Голманот на Вардар постигна и неверојатни 4 гола со удари од гол на гол, но Вардар не успеа да слави по вторпат против Порто на домашен терен.

Црвено-црните имаа предност од 13:12 по првиот дел во меч со многу пресврти, но Порто стаса до предност од 24:22 во финишот.

Тогаш повторно се разбрани Ристовски, а Вујин, Дибиров и Стоилов со голови го доведоа Вардар на прагот на нова победа. Сепак гостите имаа и среќа и со гол во последните моменти освоија еден бод.

 

https://twitter.com/ehfcl/status/1319369047067267074?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести