Вардар ги запали моторите во второто полувреме и успеа да го победи Мотор Запорожје со 31:30 во третото коло од Лигата на шампионите и продолжува со максимален учинок.
Финишот на мечот беше многу драматичен, а во последните 30-на секунди нашиот и европски првак влезе со напад и со предност од 31:30. Скубе не успеа да погоди, останаа уште неколку секунди, а домаќините постигнаа гол за израмнување, за среќа и задоцнија, времето беше истечено, па Вардар се враќа дома со бодови.
Во првото полувреме Мотор беше подобар имаше и 4 гола разлика, 8:4, а на полувремето замина со предност од 18:16. Вардар се разбуди во продолжението, направи пресврт, а резултатската клацкалица на крајот ја реши во свпоја корист со трета победа во третиот меч во ЛШ.
Тимур Дибиров со 10 гола беше најефикасен на мечот со 10 гола, а Криштопанс 7 пати ја погоди мрежата на Мотор.
Во следното коло Вардар ќе му биде домаќин на Кил во дуел на двете непоразени екипи од Б групата.