Сопственикот на грчкиот гигант Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, не е задоволен од казните кои Дисциплинската комисија им ги изрече на Реал Мадрид и Партизан поради тепачката, бидејќи toj за објави на Инстаграм добивал поголеми парични казни.
Покрај суспензијата на Јабуселе и Дек од едната, како и на Пантер и Лесор на другата страна, од кои најтешка е таа на играчот на Реал со пет меча суспензија, двата тима се казнети со по 50.000 евра, и овие мали казни го револтираа Јанакопулос.
„Јас сум личност која плати 300.000 евра поради објава на Инстаграм кога турски навивачи го навредуваа и пцуеја моето семејство. Платив 120.000 евра бидејќи не ја послушав Евролигата и санкцијата со која не ми беше дозволено да влезам во сала. Платив 1,7 милиони евра лични, а не клупски казни и тоа поради моите објави на Инстаграм кои Евролигата ги смета за навредливи. Како би требало да се чувствувам сега кога со европската кошарка се исмеваат ширум светот поради тоа што се случи на мечот меѓу Реал и Партизан. Што треба сега да правам? Дали некој во телата на Евролигата размислува за тоа, дали дисциплинскиот судија размислува за тоа? Каква порака ми праќате? Следниот пат да не пцујам, ниту да исмевам, туку да почнам да ги тепам луѓето? Дали е тоа порака која сакате да ми ја испратите со казните?“, напиша меѓу другото Јанакопулос.