Интересно предупредување има истакнато пред „Ред Бул арената“ во Салцбург за гостинските навивачи на Динамо Загреб, кои можат да влезат на стадион и да го следат мечот од третото коло во Лигата на шампионите, но без видливи клупски обележја.
Динамо нема казна за навивачите, таа мина на квалификацискиот дуел со Шкупи во Скопје, па малку и чудно изгледа забраната, особено кога се работи за меч од Лигата на шампионите.
Популарните Бед блу бојс, односно најпознатата и најорганизирана навивачка група на Динамо Загреб е една од најопасните и најпознати во Источна Европа, но вечерва ќе ги нема на трибините со своите препознатливи обележја.
Мечот меѓу Салцбург и Динамо Загреб ќе почне од 18.45 часот, а во стартниот состав на гостите е Аријан Адеми како капитен, додека Стефан Ристовски, кој се жали на повреда, ќе биде на клупата за резерви.
Die ersten Fans sind am Weg zum Stadion. Normale Verkehrslage in der Stadt Salzburg und auf der Autobahn. #SALZAG pic.twitter.com/YVxsfGbW5m
— Polizei Salzburg (@PolizeiSalzburg) October 5, 2022