На пет кола до крајот, Верона мирно го чека финишот на првенството во Серија А, затоа што тоа е тимот кој има одлични 44 поени и е сигурен на средината од табелата. Денеска Верона ја пречекува Аталанта, а кога игра тимот од Бергамо една работа е повеќе од очекувана, треба да има многу голови.
Аталанта само теоретски треба да ја обезбеди позицијата која ќе им гарантира пласман во Лигата на шампиони и за следната сезона, па денеска може да очекуваме отворен меч во Верона. Неверојатно делува фактот дека Аталанта сезонава има дадено дури 93 гола во 33 меча, што е просек од речиси три погодоци на меч.
Верона е една од оние екипи кои фокусот го има ставено на одбраната, но ако се погледат и последните четири меча со Аталанта, секогаш имало барем три гола. Лани Аталанта победи со убедливи 5:0 во Верона, а ако тимот од Бергамо продолжи со неверојатната реализација и овојпат може да се очекува голеада.
Во Sport Life за понудата на овој меч, за да има 4+ голови коефицнетот е 2.00, додека за 7+ коефициентот е 13. На последниот меч на Аталанта против Бреша имаше дури осум гола (победа на тимот од Бергамо со 6:2).