Додека љубителите на фудбалот низ светот се забавуваат со љубовните проблеми на Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда, таткото на Ванда, Андрес Нара, се обидува да им ја украде славата откако јавно се пофали дека има девојка која е 28 години помлада од него и само две години постара од ќерка му Ванда.
Девојката на 64-годишниот Андрес се вика Деби Хименес и има седумгодишен син од претходна врска. Таткото на Ванда вели дека еден месец е со Деби и многу се заљубени.