Каква глупост: Мислеше дека е сигурна, па забави во финишот и зажали (Видео)

Шерика Џексон од Јамајка вчера се закити со бронзен медал на трката на 100 метри во Токио, а беше и меѓу фаворитките за освојување на одличје и на патеката од 200 метри. Сепак, Џексон воопшто не успеа да се пласира во финалето, поради банална грешка.

Џексон трчаше одлично и беше на второто место, кога во последните десетина метри реши да забави и тоа беше голема грешка. Ривалките кои беа зад Џексон успеаа да ја стигнат, па спринтерката од Јамајка на крајот завшри на четвртото место, а пласман во финалето имаше за првите три.

- Оглас -

Најнови вести