Голем резил за двоен НБА шампион, му удри шамар на противнички тренер (Видео)

Голем инцидент се случи по завршувањето на мечот во НЦАА лигата меѓу Висконсин и Мичиген, а во главната улога во целиот хаос беше поранешниот двоен НБА шампион Џуан Хауард.

Тој моментно е тренер на познатиот колеџ тим на Мичиген, кој загуби со 77:63, но што е уште полошо се посрамоти со потегот по мечот.

Хауард го удри асистентот тренер на Висконсин, Џое Крабенхофт, па потоа хаосот продолжи, откако се вклучија и кошаркарите на двата тима.

Хауард е тренер на Мичиген од 2019 година, а е познато име и во НБА кошарката.

Има две титули во најсилната лига на светот со Мајами хит, играше еднаш и на Ол-стар викенд, а лани беше прогласен за најдобар тренер во НЦАА лигата.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести