Каква глупост на Фелисијано Лопес, Мареј не можеше да поверува (Видео)

На Мастерсот во Монтреал се случи еден од најчудните поени во светот на тенисот во последните години, а беше дело на шпанскиот ветеран Фелисијано Лопес. Фелисијано играше во дубл заедно со Енди Мареј, и при еден поен кога топчето одеше во аут, 37-годишниот Шпанец направи почетничка грешка и наместо поен за нив, судијата досуди поен за противниците.

Лопес прво се чудеше зошто поенот е за противниците, но брзо му стана јасно дека не смее да го допира топчето додека не падне во аут, иако е очигледно дека оди надвор од полето. Тој избрза, и предизвика шок кај сите, па и кај неговиот партнер Мареј.

- Оглас -

Најнови вести