Атлетик Билбао со убедливи 3:1 загуби од Бетис во мечот од 26-тото коло во Ла Лига, а голема вина за поразот има и ѕвездата на баскискиот тим, Нико Вилијамс кој беше исклучен.
Помалиот од браќата Вилијамс за само 15 секунди доби два жолти картони што значеше исклучување.
Имено, тој во 40-тата минута направи прекршок за што доби жолт картон, а потоа саркастично му аплаудираше на судијата кој веднаш му покажа уште еден жолт картон и предвреме го испрати во соблекувалната.
https://twitter.com/i/status/1761794084870496445