446
13.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Каква глупост на навивачите во Белгија: Судијата го прекина мечот на две минути пред крајот (Видео)

Синоќешниот меч меѓу Стандард Лиеж и Антверпен не го дочека крајот откако судијата реши да го прекине и тоа во 88 минута. Причина за прекинот е тоа што еден од домашните навивачи, од трибините фрли со пластична чаша која заврши во грбот на судијата.

Со оглед на тоа дека ова не беше прв ваков инцидент на средбата (судијата и претходно ја прекинуваше за да бидат опоменати навивачите), овојпат без воопшто да се двоуми, реши мечот да не продолжи.

Биузарно е тоа што домашниот тим имаше водство од 1:0, фановите требаше да бидат задоволни од таквиот исход, но сепак, се потврдува дека и во западноевропските земји има исклучоци кои со еден непромислен потег може да направат голем проблем

Од Стандард преку соопштение објавија дека е најден виновникот и дека против него ќе биде поднесена кривична пријава.

- Оглас -

Најнови вести