Атланта по продолжение од пет минути го победи Бостон со 123-122, а Њу Орлеанс славеше против Милвоки со 107-100 во двата натпревари во НБА-лигата кои се играа рано утрово.
Многу поинтересно беше во Атланта, каде што Дежонте Мареј имаше партија на кариерата со 44 поени и победнички кош во последната секунда.
Мареј упати дури 44 шута од поле кон кошот на Селтикс, нешто што во последните две децении го имаа направено само Коби Брајант и Расел Вестбрук. Почувствува дека му оди и многу често тој беше човекот што ги завршуваше нападите на Јастребите. Врвот беше кошот во последната секунда од продолжението со кој му донесе триумф на својот тим.
И покрај поразот, Бостон е убедлив лидер на Истокот и таму ќе остане до крајот на регуларната сезона.
Во Њу Орлеанс, Пеликаните беа подобри од Бакс во првото полувреме, па на гостите не им беа доволни 35-те поени и 14-те скока на Јанис Адетокумбо.
DEJOUNTE MURRAY PUTS ATLANTA ON TOP WITH 0.1 LEFT IN OT!
Get to the NBA App: https://t.co/SKcVXNJBFv pic.twitter.com/6rNqjhjl9E
— NBA (@NBA) March 29, 2024