Хозе Хуан Масијас е пред трансфер во Реал Сосиедад, а приказната стана хит во Мексико. Како извор на информацијата што ја ја пренесоа новинарите во Мексико, дека 20-годишниот репрезентативец ќе се пресели од Гвадалахара во клубот од Сан Себастијан е посочена неговата девојка, која откри дека се преговара за трансфер во Шпанија.
Одговорот на Масијас е хит во Мексико, а едноставно кажа дека нема девојка.
„Не знам од каде ви е информацијата. Во моментов немам девојка“, е одговорот на Масијас. Трансферот сепак е на повидок, а дека се преговара на реалција Гвадалахара и Реал Сосиедад, потврдија и шпанските медиуми.
Масијас во моментов игра како позајмен играч во Леон, исто така мексикански клуб, но Гвадалахара ќе ќари од неговата преселба во Реал Сосиедад ако трансферот се реализира.
Напаѓачот блескаше во редовите на актуелниот првак Леон и на 38 меча постигна 19 гола. Масијас е еден од најмладите репрезентативци на Мексико и одигра пет меча за националната репрезентација.