Каква легенда игра во Лигата на шампионите – Ѝ бегал на полицијата преку покрив на зграда

Брел Емболо, шпицот на Борусија Менхенгладбах, имал неверојатна авантура и бегал преку покривот на зградата во која упаднале припадници на германската полиција по пријава дека во ресторанот што е во приземјето се организира журка.

Припадници на полицијата тврдат дека го препознале Емболо, кој имал вистинска авантура, па побегнал најпрво преку порозорец од ресторанот, а потоа и преку еден од апартманите и покривот на зградата и успеал да исчезне.

Од Борусија Менхенгладбах тврдат дека Емболо не бил на забранетата журка во неделата навечер, па случајот станува интересен.

Во Германија на сила е строгата забрана за собирање поради ширење на пандемијата со корона-вирус и забранети се секаков вид забави.

Журката на која бил Емболо била организирана во градот Есен, а интересно е што само два дена подоцна, односно вчера швајцарскиот репрезентативец не настапи за Борусија Менхегладбах против Вердер поради болест.

Емболо сепак ќе биде еден од главните адути во офанзивата на Борусија Менхенгладбах во двомечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити што ќе се игра на 24 февруари и на 1. март.

 

 

- Оглас -

Најнови вести