Екселзиор се пласираше во холандската прва лига, откако во невидена драма го победи Ден Хаг, после подобро изведување на пенали.
Ден Хаг водеше со 3-0 до 79-та минута, но гостите во финишот постигнаа три гола и се изборија за продолженија. Во екстра периодот, двата тима постигнаа по еден гол, па бидејќи средбата заврши 4-4, мораа да се шутираат пенали.
Во пенал рулетот, Екселзиор утна прв, но Ден Хаг веднаш врати со иста мерка, а во деветтата серија, Ден Хаг утна и Екселзиор победи со 8-7.