Каква лудница – Интер со гол во 121-вата минута го победи Јувентус и го освои Супер купот (Видео)

Интер по шести пат е освојувач на Супер купот на Италија откако во неверојатна завршница со 2:1 го победи Јувентус на меч одигран на „Џузепе Меаца“.

Алексис Санчес е херојот на Интер откако успеа да даде гол во 121-вата минута, односно буквално во последните моменти пред да биде крајот на продолженијата од 30 минути. Во моментите кога сите очекуваа да заврши 1:1, по последниот центаршут на мечот, Алекс Сандро очајно реагираше во петерецот на Јувентус, лошо ја смири топката, а најспретен беше Санчез, кој од близина погоди за 2:1.

Во регуларните 90 минути расплетот се случи само за 10 минути. Мекени го доведе Јувентус во водство од 1:0 со голот во 25-тата минута.

Само 10 минути траеше водството на Старата дама затоа што Лаутаро Мартинес израмни на 1:1 со погодок од пенал.

- Оглас -

Најнови вести