Каква магија на Дончиќ, ни сам не знае како даде луда тројка за победа (Видео)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ повторно ги воодушеви Американците и сите следбеници на НБА-лигата со неверојатна тројка за победа. Далас губеше со 111-113 против Мемфис гризлис, а Лука со звукот на сирената иако беше надвор од баланс и стоеше на една нога, даде тројка со шут „флоутер“ и ги шокираше противниците.

Ова е еден од најдобрите потези во НБА сезонава. Ни Дончиќ после мечот не знаеше да каже како му успеа ова, и самиот беше изненаден што топката влезе во кошот. Тренерот на Маверикс, Рик Карлајл, изјави дека во неговиот тим го има Худини. Лука средбата ја заврши со 29 поени.

Никола Јокиќ го направи 15-тиот трипл-дабл сезонава во победата на Денвер над Мајами од 123-106, шести трипл-дабл по ред направи Расел Вестбрук во триумфот на Вашингтон над Сакраменто од 123-111, а Голден стејт ја разби Оклахома сити со 147-109 во меч на кој Стеф Кари уфрли 42 поени. Кари погоди 11 тројки, три помалку од НБА-рекордот на КлејТомпсон.

- Оглас -

Најнови вести