В недела ќе се игра популарното Дерби на Италија кое може да го одреди шампионот во Серија А меѓу Интер и Јувентус, а денеска доби „најава“ со можен трансфер од Торино во Милано.
Според италијанските медиуми, Адријан Рабио нема намера да го продолжи договорот со Јувентус и наводно е подготвен да направи предавство и да го облече Сино-црниот дрес на тимот од Милано.
Договорот на Рабио со Старата дама истекува на крајот од сезоната и потоа планира да потпише за Интер.