Марк-Андре Тер Штеген е најзаслужен што Барселона нема негатива по првото полувреме на дербито со Атлетико во Мадрид, а имаше две брилијантни одбрани во 20. и 40. минута.
На „Ванда Метрополитано“ навивачите на Атлетико веќе го славеа првиот гол во 20. минута по ударот на Хермосо од близина, но германскиот репрезентативец со блескава одбрана спречи предност на домаќините.
Претходно Атлетико имаше и пречка, а потоа повторно на сцена стапи октоподот од Менхенгладбах. Тер Штеген на сличен начин како и во првиот обид рефлескно му одбрани удар на Мората, овојпат со глава во 40. минута и повторно не дозволи актуелниот шампион да си замине на пауза со негатива.
Atletico – Barcelona – Ter Stegen amazing save on Morata’s header (w/highlights) from soccer
По првото полувреме резултатот е 0:0 во меч што е одличен и покрај тоа што немаше голови.