Каква одмазда на ПСЖ, Мбапе во очајна форма ќе потпише за Реал Мадрид

Одлуката на Килијан Мбапе на сите во ПСЖ да им соопшти дека на крајот од сезоната ќе си замине, и повеќе од сигурно ќе потпише за Реал Мадрид, ги промени работите во таборот на Светците каде првиот човек одлучи да му го загорчи животот на фудбалерот.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, смета дека Мбапе ги договорил сите детали со Реал Мадрид уште во декември минатата година, но дури минатиот месец официјално му соопштил дека ќе си замине на крајот од сезоната и поради тоа одлучил да му ги загорчи последните месеци на фудбалерот како член на Светците.

Ал-Келаифи го советувал тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, да ја „уништи“ формата на Мбапе, дури и на сметка да не оствари забележителен резултат во Лигата на шампионите.

Поради тоа, Мбапе се почесто игра само по едно полувреме, а Енрике во последно време без објаснување не го стана својот најдобар играч ниту во првиот тим туку шанса му дава од клупата.

Така беше и на вчерашниот натпревар од Лига 1 против Монако, на кој Мбапе беше дел од првиот тим, но на полувреме беше заменет со Рандал Коло Муани.

- Оглас -

Најнови вести