Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е казнет парично со 20.000 евра, што е скромна казна за потегот кој го направи при прославата на гол против Јувентус во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Аргентинскиот стручњак избегна суспензија, па многумина сметаат дека со својата мекост кон ваквиот случај дисциплинската комисија на УЕФА си прави проблем за во иднина, па и другпат кога некој ќе се фаќа за гениталиите, нема да треба да биде суспендиран, туку ќе треба да добие само парична казна, што и не е некоја претерано болна дисциплинска мерка за сторителот на таков неспортски потег.
Симеоне ќе смее да седи на клупата на Атлетико во вторник (12-ти март), кога шпанскиот тим ќе ги брани оние 2-0 од првиот меч, што секако е плус за „јорганџиите“ во пресрет на тој тежок дуел. Популарниот Чоло се извини и се бранеше дека не сакал никого да навреди туку само да покаже дека неговиот тим игра со карактер и храбро.