Каква приказна – Стана најскап Волк во историјата со трансфер од 50 милиони евра, а само пред три години работеше во пекара

Матеус Нуњес стана најскапиот играч на Вулверхемптон, клубот кој плати рекордна сума од околу 50 милиони евра за играчот на Спортинг Лисабон.

Нуњес потпиша петгодишен договор со Волците, со опција тој да биде продолжен за уште една сезона.

Играше за Спортинг Лисабон и има 23 години и многу интересна приказна. Само до пред три години работеше во семејната пекара „Пао Да Вилја“ во Еисеира, во близина на Лисабон.

Пекарата е многу позната, а велат дека сега ќе биде уште „пофенси“ по трансферот на Нуњес во Вулверхемптон.

Интересно е што 23-годишниот играч за врска е роден во Бразил и живеел во една од фавелите во Рио Де Жанеиро.

На 13-годишна возраст со неговиот очув и мајка се преселиле во Португалија и Нуњес веќе игра за Европските Бразилци и има 8 настапи за селекцијата што ја елиминира Македонија во финалниот бараж за настап на Мундијалот во Катар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести