Тинејџерската сензација Ламин Јамал еден ден по својот 17-ти роденден ќе игра во финалето на Европското првенство, каде што ќе се обиде да победи со Шпанија против селекцијата на Англија и да ја освои европската титула. Младиот фудбалер од Барселона воодушеви со своите настапи на ЕВРО 2024, каде што на шест натпревари постигна еден гол и забележа три асистенции.
Најголемо внимание привлече фантастичниот гол во полуфиналето против Франција, кога со одличен удар од околу 20 метри го погоди горниот агол од голот на Мајк Мењан, во тие моменти израмни на 1-1 и ја врати Шпанија во живот за триумф и пласман во финалето.
Со овој гол, Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на европските првенства само со 16 години и 362 дена и најмладиот играч кој настапил во полуфинале на некое големо меѓународно натпреварување, надминувајќи го рекордот на Пеле од Светското првенство во 1958 година.
Освен спортските постигнувања, Јамал беше во центарот на вниманието и поради инцидентот со маската со ликот на нинџа-желка која ја носеше на прес-конференцијата по натпреварот.
Ова требаше да биде еден вид провокација за Килијан Мбапе, новиот фудбалер на Реал Мадрид, кој за време на ЕВРО 2024 мораше да носи заштитна маска поради повредата на носот. Сепак, техничката служба на Шпанската фудбалска федерација успеа во последен момент да спречи поголем инцидент и му ја одзеде маската на Јамал, кој беше подготвен да ја покаже на прес-конференцијата.
Yamal was heading to do an interview with a Ninja Turtle mask after the French game, but they quickly took it off him.
Not only is he a generational footballer, but he’s also a generational shithouse. 🤣
pic.twitter.com/NnpqSmOm9h— James (@JamessUtd_) July 11, 2024