Нов контингент Хрвати доаѓаат за полуфиналето со Аргентина, ги организира Агенција од БиХ, ќе ги вози бугарска авиокомпанија

Нов контингент на хрватски навивачи ќе пристигне во Катар за да ја бодри својата репрезентација на полуфиналето со Аргентина, утре од 20 часот.

Околу 170 луѓе платија по околу 1.800 евра, а турата е многу интересна и почнува од Сплит, утре во 7 часот наутро.

Организатор на патувањето е туристичка Агенција од Босна и Херцеговина, а авиопревозник е бугарска компанија.

Летот требаше да биде од Мостар, но се премести за Сплит, а полетувањето е утре во 7 часот наутро.

Хрватите велат дека има огромен интерес за пат за Катар за да се следи полуфиналето со Аргентина, а барања има дури и од прекуокеанските земја, најмногу од САД и Канада.

Хрватска е актуелен светски вицешампион и ако ја победи Аргентина ќе го репризира успехот од Мундијалот во Русија во 2018 година.

Дури може да има и комплетно повторување на финалето од пред четири години, ако Франција задутре од 20 часот во второто полуфинале го елиминира Мароко.

Во 2018 година Триколорите ја освоија шампионската круна со победа од 4:2 во финалето против Хрватите.

 

- Оглас -

Најнови вести