Каква величина е Јаго Аспас – Со два гола по 8 години пост го урна „Бенито Вилјамарин“, а гестот кон Силва му беше легендарен (Видео)

Легендата на Селта, Јаго Аспас со два гола успеа да го прекине долгиот пост на тимот од Виго на гостувањата кај Бетис и е најзаслужен за првата победа на „Бенито Вилјамарин“ по цели 8 години.

Гостувањата на Селта во Севилја кај Бетис долго беа кошмарни за тимот и последната победа им беше во 2013 година.

Вечерва конечно заврши една од најдолгите неуспешни серии, а Аспас со два гола за десетина минути во финишот на првото полувреме ѝ донесе победа на Селта од 2:0.

Покрај двата гола, Аспас ја покажа величината со прекрасниот гест кон Руи Силва во 36-тата минута.

Играчот на Бетис направи пенал, а Аспас дојде и го прегрна во знак на почит, откако неодамна таткото на Силва почина.

https://twitter.com/MajolaB/status/1477708807388250124?s=20

Во вториот меч што вечерва се играше во Ла Лига од 18.30 часот во баскиското дерби Алавес и Реал Сосиедад ремизираа 1:1.

Вечерва од 21 часот се игра и дуелот меѓу Мајорка и Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести