Каква ѕверка, стаса до 500 гола во кариерата – Суарес во Ла Лига ги држи на дистанца Реал и Барселона

Луис Суарес со голови ги држи на дистанца Реал Мадрид и Барселона во Ла Лига и е главен адут на Атлетико во битката за шпанската круна.

Вечерва Уругваецот го постигна и 19. гол во првенството, испадна и победнички за Јорганџиите против Алавес. Суарес беше прецизен во 54. минута по асистенцијата на Трипие, доволно за победа што го остави Атлетико на врвот на табелата со шест бода пред Реал Мадрид и 7 пред Барселона, екипа што има меч помалку.

За Суарес ова беше 500. гол во кариерата, што е редок подвиг во светот на фудбалот.

Атлетико имаше и доза на среќа, бидејќи Жозелу промаши пенал за Алавес во 86. минута, а освоени се многу значајни бодови, со кои тимот од Мадрид останува прв фаворит за титулата.

Суарес бие и индивидуална битка за најдобар стрелец во Ла Лига, а пред него е само Лионел Меси со 21 погодок.

- Оглас -

Најнови вести