Македонија има вистински спортски јунаци, а одбојкарите прават чуда на Европското првенство и вечерва ја декласираа фаворизираната Словенија со 3:1.
Сега сме во игра за осминафиналето по втората победа, а ни треба Турција да ги победи Белорусите вечерва и утре Финска.
Избраниците на Никола Матијашевиќ одиграа со големо срце, квалитетно и не се предаваа дури и кога изгледаше дека сетовите се загубени.
Поведовме со 2:0 во сетови по голема битка, а потоа Словенија дојде до здив и намали на 1:2. Во четвртиот сет домаќините водеа со пет поени, но македонското срце го одлучи победникот.
Љафтов сервираше феноменалано и со серија од пет одлични серви ги доведе до очај домаќините, а нам ни донесе историска победа што може да не однесе до осминафиналето на ЕП.