Какви Ливерпул, Реал, Барса, Јуве, Баерн, Сити, ПСЖ… – Арсенал е единствен без пораз во 2020 година

Можеби делува чудно, но Арсенал е единствениот тим во Топ 5 лигите во Европа што нема ниту еден пораз во 2020 година. Топчиите одлично ја започнаа годината и за речиси три месеци играње, ниту еднаш не беа поразени.

Арсенал може да се пофали дека го победи Манчестер јунајтед со 2:0, славеше и над Лидс во ФА купот, а потоа врза три нерешени средб, и тоа против Кристал палас (1:1), Шефилд јунајтед (1:1) и Челзи (2:2). Топчиите на гости со 2:1 славеа против Борнмут во Купот, а потоа освоија бод на гости кај Барнли во Премиер лигата. Во последниот меч од домашното првенство со 4:0 го победија Њукасл, а синоќа со 1:0 беа подобри од Олимпијакос во Атина.

Вкупно во девет одиграни меча во 2020 година, Арсенал има пет победи и четири нерешени средби и ниту еден пораз. Ниту еден друг клуб во Топ 5 лигите во Европа не може да се пофали дека во 2020 година не загубил. Горчината на поразот ја почувствувале и гиганти како Ливерпул, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Баерн Минхен, Манчестер сити… Едноставно Арсенал е единствен, а Топчиите се надеваат дека така ќе остане и по неделниот меч против Евертон во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести