Репрезентацијата на Гватемала може да се прогласи за најголем малер во светскиот фудбал затоа што и покрај тоа што во нивната историја на претквалификации и квалификации за Светско првенство постигнале 208 гола, никогаш не учествувале на СП. Дека немаат среќа, се потврди и рано утрово, откако одиграа 0-0 на гостувањето кај Курасао и тоа не им беше доволно да одат во следната фаза квалификации, иако првата фаза ја завршија со 10 бода од можни 12 и гол-разлика 14-0.
Курасао имаше гол-разлика 15-1 и таа селекција оди понатаму. Само уште Австралија од 1998 и Казахстан од 2002 година пропуштиле СП кога во квалификации немале пораз и гол-разликата има била +14 или повеќе. Гватемала не прими ниту еден гол во квалификациите (втор тим по Белгија од квалификациите за СП 1974), а сепак нема да биде дел од Мундијалот во Катар.
Курасао во втората фаза треба да игра против Панама и подобриот оди во завршните битки со Мексико, САД, Костарика, Јамајка, Хондурас и уште две селекции за одредување на претставниците на Северна и Средна Америка на СП 2022.