20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Какви шокови претрпе за прва победа – Станковиќ по неверојатна серија од 22 пенали конечно се израдува како тренер на Сампдорија (Видео)

Драматичен меч дури со 22 пенали одиграа Сампдорија и Асколи во Купот на Италија, а прволигашот од Џенова мина понатаму со победа од 9:8 на пенали.

Првата победа на Дејан Станковиќ како тренер на Сампдорија беше со многу претрпени шокови, израмнување на 2:2 во 119-тата минута од продолженијата, а потоа и со голема драма во изведувањето на ударите од белата точка.

Ги имаше вкупно дури 22, а трагичар беше играчот на Асколи, Енрико Гварна, во единаесеттата серија.

Ветеранот кој има 37 години промаши и Сампдорија некако се протна во осминафиналето во Копа Италија.

Вере им донесе предност на домаќините од 1:0 со гол во 10-тата минута, а Асколи израмни на 1:1 во 33-тата минута со голот на Колочоло.

Тоа беше и резултат по првото полувреме, но и на крајот од регуларниот дел, а потоа се случуваше вистинска драма.

Асколи беше на една минута од пласман во следниот круг откако поведе со 2:1 со голот на Донати во 110-тата минута, но не успеа.

Капуто со погодок во 119-тата минута израмни на 2:2 и тој гол можете да го погледнете ОВДЕ.

Потоа драмата кулминира со долгата серија пенали, а посреќни и поумешни беа домаќините за конечна победа од 9:8 по серија од 22 пенали.

 

- Оглас -

Најнови вести