Какви зборови на Американецот: Само лудак не гледа дека Новак е најдобар на сите времиња

Поранешниот гранслем-шампион и прв тенисер на АТП ранг-листата, Енди Родик, нема дилеми кој е најдобриот тенисер на сите времиња, притоа велејќи дека и бројките се на страната на Новак Ѓоковиќ.

„Ако ги погледнете биографиите на големата тениска тројка и за најдобар изберете некој кој не се презива Ѓоковиќ, тогаш вие сте луди. Едноставно е, ако сметате дека бројките не покажуваат дека Новак e најдобар во историјата, тогаш тоа е знак дека немате поим од тенисот. Едноставно е. Едноставо, тој отскокнува во поправањето на бројни рекорди, така што јас немам никакви дилеми кој е најдобриот“, вели Родик.

Американецот смета дека не е лесно да се разбере играта на Ѓоковиќ.

„Лесно е да се гледаат квалитетите на Федерер и на Надал. Го гледате Федерер и сфаќате дека неговиот тенис е неверојатен, додека од друга страна, Надал ќе ве засени со интензитетот на играта, со своите извици. Кај Ѓоковиќ е тешто да се разбере тоа што тој го прави“, додава Родик.

- Оглас -

Најнови вести