Какво коло на Спортска прогноза, пука од дерби-дуели на сите страни

Враќањето на клупската фудбалска сцена викендов ќе биде многу интересно, а дерби-дуели има на сите страни во Европа и ќе биде многу интересно да се одигра и 30-тото коло на Спортска прогноза.

Голем предизвик е пред учесниците во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија да се погоди Тринаесетката во јубилејно коло во третата сезона на Спортска прогноза.

Во фокусот се шест дерби-дуели што ќе се играат викендов што доаѓа, а се на менито на 30-тото коло на Спортска прогноза. Потфатот да се погодат сите 13 парови е голем, но и наградата „ајфон 11“ вреди за да се учествува.

Стартот на 30-тото коло на Спортска прогноза е со француското дерби меѓу Пари Сен Жермен и Лил, две екипи што го делат врвот на табелата во Лига 1. Имаат по 63 бода, три повеќе од Лион и четири од Монако во трката за шампионската круна, па јасно е од какво значење е мечот во Париз.

Француското дерби почнува во 17 часот во сабота и тоа е рокот до кој можете да се приклучите со вашите прогнози во трката за „ајфон 11“.

Во 18.30 часот се игра германското дерби меѓу Баерн и Лајпциг и повторно тоа е дуел на двете првопласирани екипи. Баварците имаат 61 бод, а Биковите се на котата 57.

Во сабота ќе се играат и две големи англиски пресметки меѓу Лестер и Манчестер сити и Арсенал против Ливерпул. Ако успеете да заокружите петка, потоа следува малку полесен дел од работата, иако и во недела има два мегадуели.

Во Берлин од 18 часот ќе играат градските ривали Унион и Херта, а како шлаг на 30-тото коло на Спортска прогноза ќе дојде и мечот од Ла Лига меѓу незгодната Севилја и лидерот Атлетико Мадрид.

Сите тие се натпревари што ја кројат судбината за титула, но и за места кои водат во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Предизвикот е голем, за да се вклучите со свои прогнози во трката за „ајфон 11“ условот е едноставен, треба само да имате СЛ картичка од Sport Life, сè останато е само рутина и магија да се погоди Тринаесетка.

 

- Оглас -

Најнови вести