Манчестер јунајтед изведе епски пресврт во продолженијата, губеше со 2-4, но потоа постигна три гола за седум минути и со 5-4 се пласираше во полуфиналето на Лигата на Европа. А со тоа живеат и соништата за ЛШ следната сезона, ако Ѓаволите го освојат пехарот.

Беше 2-2 во регуларниот тек, а потоа Лион го шокираше домаќинот со десетмина, Рајак Черки во 105-та минута и Александре Лаказет од пенал во 108-та минута обезбедија 2-4.

Но, Манчестер јунајтед не се предаде и веруваше во магија. Бруно Фернандеш од пенал намали на 2-3, а Коби Мејну во 120-та минута погоди за 4-4.
И веќе во следниот напад, Хари Мегваер постигна уште еден гол, за 5-4, за лудило на „Олд Трафорд“, и за полуфинале во Лига Европа.