Какво лудило во Штутгарт, Баерн не победи денеска, но има причина за славје!

Баерн Минхен со предност од два бода пред Борусија Дортмунд влегува во последните шест кола од Бундеслигата.

Баварците кои играа со доста резерви, дома одиграа само 1-1 против Хофенхајм, а со голот на Павар во првото полувреме, го изедначија бундеслигашкиот рекорд по број на голови во првите полувремиња. Потоа изедначи Крамариќ, па големиот фаворит освои само еден бод.

Ако Борусија Дортмунд не биде првак, ќе жали за денешниот кикс и ремито 3-3 против Штутгарт.

Борусија имаше комотни 2-0, имаше и играч повеќе цели 50 минути, но Швабите покажаа карактер и приредија изненадување со три гола постигнати со човек помалку на терен. При 2-2, во 93-та минута, Џовани Рејна донесе нова предност за Борусија, и кога гостите мислеа дека победиле, Штутгарт во седмата минута од судиското продолжение израмни на 3-3 за комплетирање на чудото.

- Оглас -

Најнови вести