Какво полувреме: Четири прекрасни гола, кој од кој поубав…Интер поведе, Барса се врати за 2-2

Барселона и Интер одиграа неверојатно прво полувреме на „Монжуик“ во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Четири гола, по два во двете мрежи, кој од кој поубав.

Интер поведе по само 31 секунда, откако Маркус Турам со удар со петица реализираше по нафрлување на Дензел Думфрис. Потоа Холанѓанецот со акробатски скок и удар со ножички зголеми на 0-2 во 21-та минута.

Но, Барселона брзо успеа да се врати. Ламин Јамал изведе спектакуларен соло пробив и погоди со фантастичен шут во 24-та минута, а Феран Торес донесе израмнување по една одлична тимска акција на каталонскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести