Навивачите на НФЛ-тимот Бафало билс беа убедени во победата на нивниот тим во плејофот што купија дури 50.000 билети за следнот натпревар, но нивните миленици ги разочараа.
Бафало билс во вчерашниот меч од плејофот во НФЛ-лигата загуби со 27:10 на домашен терен од Синсинати бенгалс, кој обезбеди пласман во финалето на АФЦ конференцијата, каде што ќе игра против Канзас сити чифс.
https://twitter.com/i/status/1617255071259164672
Дуелот од регуларниот дел во сезоната меѓу Бафало и Синсинати беше прекинат поради срцевиот удар што го доживеа играчот на Билс, Дамар Хемлин, а НФЛ-лигата донесе одлука тој да не се преигра и направи хаос со домашните натпревари во плејофот.
НФЛ одлучи доколку Бафало стигне до финалето на АФЦ конференцијата, тој меч да се игра на неутрален терен во Атланта со цел ниту Билс ниту Канзас сити да немаат предност на домашен терен.
Влезниците на финалето беа пуштени во продажба претходниот ден и за само 24 часа беа продадени дури 50.000 влезници, за кои медиумите во САД тврдат дека ги купиле навивачите на Бафало.
Но, бидејќи Синсинати славеше во мечот, финалето на АФЦ конференцијата ќе се игра на стадионот на Канзас сити, „Ероу филд“
Во финалето на НФЦ конференцијата ќе се сретнат Сан Франциско фортинајнерс и Филаделфија иглс.
Финалето на НФЛ-лигата, популарниот Супербоул ќе се игра на 12 февруари во Феникс.