Моис Кин минатата сезона блесна во дресот на Јувентус и покаѓа дека има талент за да биде голема ѕвезда. Сепак, за Кин немаше место во нападот на Старата дама, каде се Роналдо, Игуаин и Дибала, па мораше да му се најде нов клуб. Кин замина во Евертон, но некако не се снаоѓа во Премиер лигата. Евертон за него плати 27,5 милиони евра, но во 13 меча за Карамелите досега нема дадено ниту еден гол.
На дуелот против Манчестер јунајтед, Кин доживеа понижување како ретко кој играч. Тренерот Данкан Фергусон го внесе во игра во 70 минута, а по само 18 минути поминати на „Олд Трафорд“, беше повлечен од играч. Повеќе од очигледно беше дека Кин не беше повреден, туку дека тренерот не беше задоволен од неговата игра.
Со наведната глава, Кин само помина покрај тренерот и замина директно во соблекувалната.