Никола Јокиќ, двојниот МВП во НБА-лигата, воопшто не се најде на листата со можни кандидати за ново признание за најдобар играч во Лигата, во анкетата спроведена меѓу Генералните менаџери во најсилната кошаркарска лига на светот.
Јокиќ во последните две сезони беше избран за најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната во НБА, но според челните луѓе, на вкупно 30 екипи нема никакви шанси за хет-трик.
Лука Дончиќ е фаворит број 1 за престижната награда и за него се изјасниле дури 48 отсто од Генералните менаџери, или речиси половина од нив.
Јанис Адетокумбо е втор со 34 отсто гласови, Џоел Ембид е трет со 14 проценти, а шанси има само уште Стефон Кари, но најмали или само 3 отсто.
Во анкетата генарелните менаџери се изјаснија дека Милвоки бакс е главен фаворит за титулата, а 43 отсто од нив се изјаснија дека Елените ќе го вратат пехарот во своите витрини, што го освоија преклани.
Актуелниот првак Голден стејт вориорс има 25 отсто шанси да ја одбрани титулата, а следуваат Бостон со 21 процент и Л.А. Клиперс со 11 отсто.