Какво прво полувреме, Жирона и Атлетико дадоа пет гола за 45 минути

Фудбалерите на Жирона и Атлетико Мадрид одиграа неверојатни 45 минути од дербито на 19-тото коло во Ла Лига постигнувајќи дури пет гола.

На стадионот „Монтиливи“, Жирона води со 3:2 против Атлетико Мадрид по првото полувреме.

Жирона поведе уште во втората минута со голот на Валери, а 12 минути подоцна Мората израмни на 1:1.

Потоа домаќинот постигна два гола преку Савио и Блинд за водство од 3:2, а во финишот Мората намали на 3:2.

Напаѓачот на Атлетико постигна уште еден гол во судиското продолжение, но беше поништен поради офсајд.

 

- Оглас -

Најнови вести